ВИДЕО: Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни се преживеаните во несреќата, хоспитализирани се во Софија

Од:

Во болницата Пирогов во Софија по несреќата со автобусот на автопатот Струма се примени 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Нема опасност по нивните животи.

Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.

Несреќата се случи на магистралниот пат Струма нешто по 02.00 часот, кај селото Боснек. Автобусот со макеоднски таблици сообраќал во правец на Македонија. Возилото во Бугарија влегло од Турција. Малку по полноќ автобусот застанал на бензинска пумпа во близина на Софија, по што продолжил. Несреќата се случила еден час подоцна.

Засега нема потврда дали автобусот прво излетал од патот, а потоа се запалил или најпрво настанал пожар нво возилото. Според првичните информации, причината поради која луѓето не можеле да се спасат е тоа што автобусот се превртел.с

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021