ВИДЕО: 45 луѓе, од кои 12 деца, загинаа во македонски автобус во Бугарија

Од:

Најмалку 45 патници загинале во македонски автобус во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Автобусот сообраќал од Истанбул кон Скопје.

Според првичните информации, тој се запалил и се превртел. Меѓу патниците имало 12 деца.

Од бугарското Министерство за внатрешни работи, велат дека ова е една од причините зошто луѓето не можеле да се спасат.

Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кај селото Боснек во делот на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија.

„Автобусот во Бугарија влегол од Турција. Жртвите се државјани на Северна Македонија. Меѓу нив има и 12 деца“, изјави за БТВ директорот на Генералниот директорат на Националната полиција Станимир Станев. Едната верзија е дека автобусот удрил во заштитната ограда. Не може со сигурност да се каже дали автобусот прво излетал, а потоа се запалил или најпрво се запалил па излетал, пренесува БТА.

Премиерот Заев и министрите Османи и Филипче заминаа за Бугарија пред половина час.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021