Миле Јанакиески останува да се брани од слобода, Кривичен го одби барањето на Русковска

Од:

Миле Јанакиески останува да се брани од слобода. Кривичен совет го одби барањето на обвинителката Вилма Русковска тој да биде спроведен во затворот „Шутка“. Одлуката е донесена денеска, откако попладнево, Обвинителството ја побара оваа мерка за Јанакиески.

„Апелациониот суд Скопје со решение КЖ 605/21 од 18.11.2021 година на обвинетиот М.Ј., му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост. Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апеалциониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението“, соопшти Кривичен суд.

Одлуката за Миле Јанакиески доаѓа по барањето на Вилма Русковска да му биде определен ефективен притвор, пет дена откако Апелација го ослободи од куќен притвор. Без многу детали, таа смета дека постои страв тој да избега и затоа бара определување на мерката.

„Повеќето кривични постапки што се водат против обвинетиот, околностите што укажуваат на неговите познанства како поранешен министер, реалната можност за изрекување на други пресуди во кои би бил огласен за виновен, како и фактот што за останатите обвинети во предметот е определена мерка куќен притвор го оправдува предлогот на обвинителството“, кажаа од Обвинителство.

До укинувањето на мерката во четвртокот, Јанакиески помина три години во домашен притвор. Последниот му беше определен за случајот „ТНТ“, а тогаш обвинителот Бурим Рустеми кажа дека го бара без сознанија за бегство.

Би можело да ве интересира

Миле Јанакиески излегува од затвор

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките