Повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови се очекуваат попладнево во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 14 степени.
Според УХМР, утре ќе се задржи претежно облачно време со слаб локален дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде меѓу три и девет степени, а дневната од шест до 15 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време со минимална температура од седум и максимална дневна од 10 степени.
Во среда и четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а ноќта кон петок и за време на викендот под влијание на влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.