Вечерашното дерби меѓу Лион и Марсеј во француската Лига 1 уште еднаш ги покажа проблемите кои Франција ги има со навивачите оваа сезона.
Payet hit in the head with a bottle
Game suspended ? pic.twitter.com/zOxkVme6Gw
— Tom (@ThomasClay3) November 21, 2021
Лион на свој терен го пречека Марсеј, но мечот беше прекинат откако навивачите на домашниот тим направија инцидент. Димитри Паје требаше да изведе корнер. Но, кога дојде до корнер знаменцето, беше погоден со шише во глава, по што Паје остана да лежи на теренот.
Лекарскиот тим му укажа помош на играчот на Марсеј, а главниот судија ги испрати играчите на двата тима во соблекувалната и одлучи да го прекине натпреварот.