Пожар во училиштето „Ферид Бајрам“ во Скопје

Од:

Една училница и дел од ходникот биле опожарени во пожар кој се случил вчера во училиште на улицата „Ферид Бајрам“ во Скопје, информираше МВР.

Пожарот бил пријавен вчера во 13:40 часот и за среќа, нема повредени.

„Во тој дел од училиштето во моментот немало ученици, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита“,

велат од МВР.
Увид на местото на пожарот направиле и полицајци од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати