Расте притисокот врз Ѓоковиќ, вакцината против коронавирус задолжителна за Австралија опен

Од:

Сите тенисери, кои сакаат да настапат на Австралија опен во февруари идната година мораат да се вакцинираат против Ковид – 19, објави директорот на грен-слем турнирот во Мелбурн, Крег Тилеј.

– Сакаме да бидеме целосно јасни. Кога премиерот (на сојузната држава Викторија) најави дека сите би требало да бидат вакцинирани, тоа им го пренесовме на тенисерите. Сите играчи тоа го разбираат, нашите спонзори мораат да се вакцинираат и целиот персонал, кој е ангажиран на Австралија опен, мора да се вакцинира, изјави Тилеј.

Одлуката на организаторите на Австралија опен го зголемува притисокот врз најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој одбива јавно да се произнесе дали е вакциниран против коронавирус.

Ѓоковиќ, кој во Мелбурн би можел да освои рекордна 21 грен – слем титула, претходно изјави дека вакцинирањето е „приватна работа“.

– Би сакале да го видиме Новак во Мелбурн. Тој знае дека мора да се вакцинира за да игра на овој турнир, порача Тилеј.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски

Ѓоковиќ: Не е лесно да се игра во ваква атмосфера

A1on

Ѓоковиќ испадна од УС Опен: Го играв најлошиот тенис досега

Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ