Двете победи овој месец во мундијалските квалификации и историскиот пласман во баражот за Светското првенство 2022 и донесоа на македонската фудбалска репрезентација напредок од седум места на најновата ранг-листа на ФИФА на која „црвено – жолтите“ сега се на 67. позиција.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски ги завршија мундијалските квалификации со гостински триумф над Ерменија (5-0) и победа над Исланд во Скопје (3-1) и на 26 ноември ги очекуваат противниците во баражот за пласман на Мундијалот идната година во Катар.
На чело на ФИФА ранг-листата остана Белгија пред Бразил Франција, Англија и Аргентина.