Бразилскиот напаѓач Хулк е најновото засилување на амбициозниот француски тим Монако, кој во малото кнежевство на Азурниот Брег се сели во трансфер вреден 60 милиони евра.
Хулк минатото лето од Порто се пресели од Порто во редовите на Зенит, но во рускиот гигант од Санкт Петербург не се снајде најдобро, па подолго време беше незадоволен и трагаше по нов клуб.
Клубот на рускиот милијардер Риболовљев со ангажманот на Хулк има убиствен напаѓачки тандем, кој заедно со Фалкао ќе претставуваат вистински кошмар за противничките голмани во Ле Шампионат.
Монако, кој сезонава се враќа во елитното француско фудбалско друштво, имаа амбиции да се замеша во битката за тронот и оттаму да го симне Пари Сен Жермен.