Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, оцени синоќа дека падот на играта во второто полувреме на гостувањето во Сегедин е причина за четвртиот пораз во серија на неговите ракометари во рамки на Лигата на шампиони од ПИК Сегед (34-31).
– Направивме многу грешки во второто полувреме. Моите импресии се дека одигравме добар натпревар, но тоа што се случи во вториот дел го одлучи победникот на дуелот, изјави стратегот на „црвено – црните“ Вујовиќ.
Шанса да му се реваншира на унгарски ПИК Сегед за вчерашниот пораз и да ја забележат првата победа по четири последователни порази ракометарите на Вардар ќе ја имаат на домашен терен во Скопје на 25 ноември.
– За седум имаме уште еден натпревар и ќе се обидеме да се подготвиме и да направиме тој дуел поинтересен, посочи Вујовиќ.