Топлотен бран од портокалова фаза

Од:

Скопскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион денеска ќе бидат зафатени со топлотен бран од портокалова фаза. Некои од останатите региони во државата ќе бидат во жолта фаза, а други во зелена фаза, соопшти Министерството за здравство согласно добиените информации од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи.

За таа цел, како што се наведува, треба да се почитуваат мерките за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините.

Со цел заштита на населението од високите температури, во регионите зафатени од топлотниот бран, се препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и на лицата над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.

Единиците на локална самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Министерството за здравство потсетува дека населението во текот на летниот период потребно е да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето како што се останување подолг период во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и користењекрема со заштитен фактор при сончање, внесување поомало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, внесување големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени, да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, стои во соопштението од Министерството.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски