(ВИДЕО) Петровска: Телохранителот на Мицкоски, со договор вреден 500.000 евра е дел од скандалот со парцелите

Од:

„На површина исплива голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра. Истите парцели само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Прашањето на кое одговор треба да даде истрагата е дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец?

Според информациите во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.

Но, скандалот добива драстично поголема димензија која води директно до Мицкоски.

Едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.

Ова е Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, вреден неверојатни 500.000 евра!“, вели Петровска.

„Го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори:

Каква е неговата поврзаност со овој скандал? Дали со негово одобрување и знаење е склучен овој договор?

Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања? Затоа ли брзавте да изгласате недоверба? За да го скриете овој скандал?

Јавноста очекува одговори на овие прашања, а истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај и да лоцира одговорност“, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ