Фајзер ќе им дозволи на други компании да направат сопствен лек

Од:

Фајзер соопшти дека ќе ја даде лиценцата за лекот против Ковид-19 на организацијата Медисинс Патент Пул (Medicines Patent Pool) од Женева, која дополнително ќе даде дозволи на компаниите да го произведуваат лекот за употреба во 95 земји.

Фармацевтската компанија Фајзер потпиша договор со организацијата на Обединетите нации да им дозволи на други производители да го прават експерименталниот лек против КОВИД.

Договорот исклучува некои големи држави кои поминаа низ силни бранови на пандемијата.

Здравствените власти велат дека фактот што е постигнат договор пред да се одобри лекот на Фајзер некаде, може да помогне побрзо да се стави крај на пандемијата.

Еден од шефовите на Медицинс патент пул рече дека другите производители на лекови би можеле да почнат со производство на таблетите во следните неколку месеци, но додаде дека е свесен оти договорот нема да ги задоволи сите.

Според условите од договорот, Фајзер нема да добие надомест за патент за продажба во земји со низок БДП, а ќе се откаже од патентот за продажба во сите земји кои се дел од договорот.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска