Индекс на отвореност: Охрид најотворена општина во државава, најзатворена Пласница

Од:

Најотворени општини во државава се Охрид со индекс од 51 отсто, Василево со 48 отсто и Кочани со 48 проценти, додека најзатворена општина е Пласница со индекс од три отсто, покажуваат резултатите од Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за 2021 година, презентирани денеска од Фондацијата Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Истражувањето за 2021 година покажа дека повеќето општини не работат доволно за да ги задоволат стандардите за отвореност. Резултатите во областите укажуваат на тоа дека единиците за локална самоуправа (ЕЛС) применуваат ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење. Просечната отвореност на општините за 2021 година изнесува ниски 25 отсто.

Транспарентноста и отчетноста треба да бидат појдовни принципи во работењето
на општините. Иако декларативно сите ЕЛС се залагаат за поголема транспарентност,
во суштина многу мал дел од нив ги објавуваат сите потребни информации поврзани
во нивното работење. Поголемата транспарентност на ЕЛС е исто така значајна алатка во борбата со дезинформации и лажни вести.

Горан Лазаревски, директор на Проект на УСАИД за граѓанско учество, истакна дека борбата против корупцијата е директно поврзана со барањата и капацитетите граѓанскиот сектор, кој не треба само да бара резултати од јавниот сектор, вклучувајќи го тука и локалното ниво на управување, туку и да го помага да се прилагоди.

– И затоа нашиот пристап како проект е да градиме партнерство во овој случај со Метаморфорзис и јавниот сектор и кај општините и нивната улога не ја гледаме само како она што популарно се нарекува како организација што ќе ги истакнува слабостите кои ќе ги увиди од своите истражувања, туку нашата цел е да понудиме поддршка и помош во подобрување на состојбите и на надминување на предизвиците со кои се соочуваме, рече Лазаревски.

Тој истакна дека отвореноста на податоците од општините бара интензивна работа, бара ресурси, и материјални и човечки, подготовка и континуираност, што не е лесно да се обезбеди, бидејќи, додаде, сериозен дел од нашите општини имаат ограничени ресурси и треба да бидеме свесни за тоа кога ги рангираме барањата.

Индексот на отвореност ги оценува перформансите на локалната власт во областа
на добро владеење со тоа што се фокусира на четири принципи – транспарентност,
свесност, пристапност и интегритет и еден заеднички домен присутен во сите четири принципи – отворените податоци.

Истражувањето посочува дека пандемијата со Ковид-19 уште повеќе ја потенцираше потребата за брзо и ефикасно работење на властите, а со тоа и на локалната самоуправа. Во вакви вонредни услови на драстични ограничувања во слободата на движење на
граѓаните се покажа колку е важна довербата и транспарентноста во работењето на
единиците на локалната самоуправа.

Истражувањето за 2021 покажа дека повеќето општини не работат доволно за да ги задоволат стандардите за отвореност. Резултатите во областите укажуваат на тоа дека ЕЛС применуваат ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење. Иако во вонредни околности неизбежно е намалување на ефективноста и ефикасноста во работењето во некои области, сепак тоа мора да биде ограничено во обем и време за да се избегне создавање на негативна перцепцијата кај граѓаните за компетентноста, отвореноста и транспарентноста на ЕЛС, стои во документот.

Просечниот резултат на единиците на локалната самоуправа според истражувањето преку Индексот на отвореност за 2021 година изнесува 25 отсто. Ова е индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт во Северна Македонија, се наведува во истражувањето.

Највисока просечна оцена општините имаат за индикаторите во областа транспарентност 32 отсто, а најниска просечна оцена имаат во областа свесност 13 проценти.

Истражувањето беше спроведено од 1 јуни до 15 јули 2021 година. Методите на истражување беа преку проверка на веб-страниците на општините според дефинирани индикатори и прашалник доставен до општините за да се потврдат наодите добиени од онлајн мониторингот. Методологијата како основен извор за прибирање информации ги зема официјалните веб-страници на ЕЛС.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице