СДСМ: Препродажбата на парцели за фотоволтаични централи води до човек од обезбедувањето на Мицкоски

Од:

Излегува на површина нов скандал во кои се поврзани функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Како што е запознаена јавноста, лица купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево. Истите парцели само неколку денови подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност за на нив да се изградат фотоволтаични централи велат во соопштение од СДСМ.

– Меѓу лицата опфатени со предистражната постапка на Управата за финансиска полиција е и таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Според информациите од истрагата објавени во медиумите, едно од лицата кои препродало земјиште е и извесен Влатко И. кој е дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски. Другото лице кое препродавало ниви по 40кратно повисоки цени е извесен Дарко Т. советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево од 2013 до 2017 година. Мицкоски мора да одговори каква е неговата поврзаност и поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со овој скандал? Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања? Јавноста очекува одговори на овие прашања, а истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски