Митева: Во Општина Бутел 40 луѓе биле на платен список, а не оделе на работа

Од:

Ниската доверба на граѓаните во градоначалниците на СДСМ се темелела на катастрофалните состојби во општините. Неспособноста на СДСМ во општините била на значително високо ниво вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Еден од примерите кои до сега се евидентирани е случајот во општина Бутел каде 40 луѓе биле на платен список, а истите не оделе на работа ниту ги извршувале своите работни обврски. Задоволување на партиските интереси пред интересите на сите граѓани бил принципот на кој функционирале градоначалниците на СДСМ. Исто така, поголемиот број општини се оставени со огромни долгови, општинските каси се испразнети, а проекти кои би требало да се реализираат речиси и да нема. Градоначалниците на СДСМ срамно ги убедуваа граѓаните дека се најдобри, додека реалноста е сосема поинаква. Безредието и хаосот беа резултатот кој граѓаните го добиваа со најнеспособната локална власт на СДСМ до сега“ – рече Митева.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време