Убиство во Кавадарци, маж избоден во тепачка, приведен 45-годишник

Од:

Педесет и девет годишен маж им подлегнал на повредите од остар предмет здобиени при физичка пресметка со повеќе лица што се случила синоќа во Кавадарци. За убиството е приведен и осомничен Х.С. (45) од Кавадарци, потврдија од МВР.

-На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци, наведуваат од МВР.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа на крим-техника изврши увид на местото каде што вчера со остар предмет едно лице беше убиено во тепачка.

„На 15 ноември 2021 година, околу 23:30 часот, по претходна вербална расправија на осомничениот со друго лице, оштетениот се обидел да ги смири и да ги раздвои. При тоа, осомничениот замавнал со дрво и го удрил оштетениот по главата, со што го бутнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите. Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, лицето починало“, информираат од Обвинителството.

Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за сослушување на повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата, како и насоки за преземање други истражни дејствија.

Поради стореното кривично дело, обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, лице на возраст од 45 години, за сторено кривично дело убиство. Едновремено, во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Kавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​

Би можело да ве интересира

Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово

Погубен е човекот што го отру продуцентот на кинеската научно-фантастична серија „Проблем со телото“

А1он

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Почината жена со прострелна рана пронајдена во скопско село, покрај неа бил пиштолот на сопругот

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

(ВИДЕО) Најмалку четворица мртви и осум ранети во пукотници во Турција

А1он