Пендаровски: Да почекаме како ќе се развива ситуацијата по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата

Од:

Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата. Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61 пратеник, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Во одговор на новинарско прашање за можно одржување на лидерска средба, Пендаровски посочи дека неговиот став за да се одржи таква средба „од кој било аспект на тековната политичка криза, што започна по вториот круг на локалните избори, потребна е взаемна согласност од власта и опозицијата“.

Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, шефот на државата појасни дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски