СДСМ: Мицкоски треба да се извини и да поднесе оставка

Од:

Демаскирана е уште една голема лага на Христијан Мицкоски. Се покажа дека со измами, со манипулации не може да се дојде до парламентарно мнозинство. Соочен со пораз на неговите невистини, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, да се извини и да поднесе оставка рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Со денови, Христијан Мицкоски го лажеше народот дека има ново мнозинство, дека има 61 глас за недоверба на Владата.За пуста власт по секоја цена, седна на маса со оние коишто се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор. Без било какви приниципи посакуваше дестабилизација, криза, враќање назад, рушење на постигнатото во однос на стратешките интереси на земјата. Наместо да се засрами, да се извини, да понесе одговорност, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со невистини за наводно киднапирање на пратеник. Во време кога истиот тој пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата. Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со невистини. Срам е да не се извиниш за сите лаги и да не поднесеш оставка“ – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски