Претседателот на италијанскиот Наполи, Аурелио де Лаурентис изјави дека фудбалскиот клуб во овој минувачки период има буџет од 124, 5 милиони евра за донесување на нови играчи.
-Имавме 60 милиони евра, но доколку ги додадеме и 64,5 милиони кои што ги заработивме од продажбата на Кавани во ПСЖ, доаѓаме до таа бројка. Ќе се обидеме да инвестираме паметно и мудро-рече тој.
Во овој минувачки период Наполи го доведе Каљехон од мадридскиот Реал, а близу до потпис е и Раул Албиол.
Наполи минатата сезона го освои второто место во италијанската Серија А и се избори за директен пласман во Лигата на шампиони.
Елена Георгиевска