А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДПМ: Да престане атакот кон најсветлите страници на македонската национална литература и култура

by А1он17/07/2013 - 13:2117/07/2013 - 13:25183
Share0

Друштвото на писатели на Македонија по неколкудневна бура и остри осуди во јавноста, се огласи со соопштение, во кое вели дека со загриженост го следи процесот на лустрација на македонските писатели.

Добивај вести на вибер

ДПМ бара да се запре овој атак кој е насочен против најсветлите страници на македонската национална литература и култура.

„Значајни имиња на Македонската писателска асоцијација веќе се ставени на столбот на срамот, и тоа добива димензии на свесно и тенденциозно рушење на вредностите создавани со децении и афирмирани како неодминлива вредност во земјата и во светот“, стои во соопштението до јавноста од ДПМ.

Друштвото на писателите посочува дека апсурдот е дотолку поголем што оваа хајка против македонските писатели покажува знаци на обид за девалвирање на вредностите врз антимакедонска основа и разнебитување на духовните и естетските дострели според кои Македонија е препознатлива ширум светот.

ДПМ бара од највисоките државни инстанци да постапат според нормите на правната држава и да го прекинат овој незаконски и антиуставен чин.

Во спротивно ДПМ овој процес ќе го толкува како тенденција без преседан во нашата историја на апсурдното газење и рушење на темелните вредности во македонската национална култура, се наведува во обраќањето на ДПМ.

dpmlustracija

Би можело да ве интересира

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Горан Наумовски19/07/2022 - 21:52

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска04/05/2021 - 12:36

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска14/01/2020 - 08:3914/01/2020 - 08:41

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска13/01/2020 - 14:0713/01/2020 - 15:05

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска13/01/2020 - 13:2613/01/2020 - 15:03

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска13/01/2020 - 12:1013/01/2020 - 12:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен