Писателката Гордана Јовиќ-Стојковска избрана за претседателка на ДПМ

Од:

Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која денеска на редовното изборно Собрание добила поддршка од мнозинството членови на ДПМ (71).

ДПМ вечерва соопшти дека во пријатна колегијална атмосфера во просториите на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, членството на Друштвото на писателите на Македонија успешно го одржало своето редовно изборно Собрание, при што избрало ново раководство.

За членови на новиот Управниот одбор на ДПМ се избрани досегашниот претседател Живко Грозданоски, заедно со другите членови: Петар Андоновски, Драгана Евтимова, Хана Корнети, Елизабета Јончиќ и Сеида Бегановиќ.

За нови членови на Судот на честа е избрана писателката Ирена Јурчева, поранешната претседателка на ДПМ Соња Стојменска Елзесер, како и авторите Диме Ратајкоски, Марина Мијаковска и Иван Антоновски.

– Сакам да им честитам на сите избрани, особено на младата екипа, на која особено ѝ се радувам. Верувам дека имаме многу добро конципирана изборна програма и дека успешно ќе соработуваме. Па и половина од замисленото да го направиме, соработувајќи во рамки на Друштвото, со особен обѕир кон членовите надвор од Скопје, како и од заедниците – ќе биде одлично – рече новата претседателка на Друштвото во своето обраќање до членството.

Новото раководство на Друштвото на писателите на Македонија треба наскоро да ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе избере потпретседател.

Би можело да ве интересира

Иван Штрпка – почесен член на Друштвото на писателите на Македонија

А1он

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Почина писателот Методија Фотев

ДПМ: Да престане атакот кон најсветлите страници на македонската национална литература и култура

Ана Ололовска

ДПМ: Антиуставен чин е посегањето на Лустрациска по Славко Јаневски

Ана Ололовска