Почина писателот Методија Фотев

Од:

По кусо боледување, утрово почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев, информира Друштвото на писатели на Македонија.

Фотев, роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско, беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), „Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.

Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.

Би можело да ве интересира

ДПМ: Поради немање кворум не се одржа продолжението на Вонредното изборно собрание

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на ДПМ

ДПМ: Поднесени четири кандидатури за претседател и две за претседател на Собранието на ДПМ

Јубилеен 150-ти број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија

ДПМ со јавен повик до Кристина Николовска

Членови на ДПМ: Претседателката на Собранието да испрати дневен ред и Деловник за Вонредното изборно собрание