СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години го урнисуваше РЕК Битола, а денес го злоупотребува во дневно политички цели

Од:

Од СДСМ преку соопштение велат дека ВМРО ДПМНЕ со години го урнисувале РЕК Битола. Оваа реакција доаѓа по прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ.

„Ги потсетуваме ВМРО ДПМНЕ дека во август 2017 година кога новото раководство го презеде АД ЕСМ во РЕК Битола среде лето имаше 70 илјади тони јаглен на депонијата. Така што наводите за некаква претходна спремност на раководството од ВМРО ДПМНЕ е без никаква основа и спротивно на фактите. Големите поплави кои во 2020 го зафатија рудникот на РЕК Битола и натчовечките напори на вработените во услови на пандемија да го вратат ископот на јаглен не заслужуваат партиски препукувања преку нивната жртва и труд.

Што се однесува до откривките на јаглен, не е точно дека оставиле подготвен терен за чист ископ, напротив, откривките, односно ископот на јаловина во 2017 година беше во минус во однос на тоа што требаше да биде постигнато во дадениот моментн.

Во 2017 година, поранешното раководство на АД ЕСМ го прекина договорот за модернизација на Блок 1 со фирмата од Германија. Тоа е истиот блок кој сега јавува најчести дефекти, како што е случај со денешниот.

Од страна на новото раководство секоја година се правени редовни ремонти на блоковите, а во последните три години се направени и капитални ремонти, за чие редовно извршување роковите беа истечени и истите не беа направени од страна на директорите поставени од ВМРО ДПМНЕ.

Во однос на вработеноста, бројките покажуваат дека бројот на вработени во АД ЕСМ само се намалува. Денес истиот изнесува 4.482 вработени, додека во 2017 бројот бил 4.892. Така што јасно се гледа кој имал намера да врши партизација и кој вршел партиски вработувања на државно ниво.

Исто така, останува веќе 4 години неодговорено прашањето од страна на Христијан Мицкоски: зошто како генерален директор на АД ЕСМ, а претходно како принудна управа во РЕК Битола во својство на советник на Груевски, во јануари 2016г набави електрична енергија по цени повисоки и од 200е/MWh, во време кога немаше енергетска криза во Европа и кога цените беа во нормален распон, од 50 или 60 е/MWh. Истото прашање треба да го одговори и Гордана Димитриевска-Кочовска, која му беше директор за финансии на Мицкоски во АД ЕСМ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он