За ситуацијата на границата со Србија, Реџепи го обвини КФОР

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи изјави дека врз КФОР паѓа одговорноста за зачувување на безбедноста во регионот на Карачево.

– Се уште не е направена демаркација на границата со Србија, затоа и оваа одговорност е на мировните трупи на КФОР, смета Реџепи.

Вчерашната изјавата на Реџепи доаѓа по изјавата на градоначалникот на Каменица дека во овој дел од општината, на границата со Србија, на косовска територија патролираат српски џандари, јави дописникот на МИА.

Засега, како што јавуваат косовските медиуми, нема реакција од страна на силите на НАТО во Косово, кои се одговорни за обезбедување на границата меѓу Косово и Србија.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија