А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Грција голем интерес за средбата Иванов-Пахор

by А1он17/07/2013 - 11:15179
Share0

Словенечкиот претседател Борут Пахор ја повика Македонија да преземе иницијатива за прашањето за името која нема да ги остави рамнодушни претставниците на ЕУ и меѓународната заедница, јавуваат денеска грчките медиуми.

Добивај вести на вибер

Во Грција владее голем интерес за средбата на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов со неговиот словенечки колега Борут Пахор, и воглавно се истакнува изјавата на Пахор дека во процесот на проширување, поголеми можности за влез во ЕУ ќе имаат државите кои сами ќе се обидат да ги средат односите со соседите.

Провладиниот „Катимерини“ ја пренесува и изјавата на Иванов дека „неговата земја се соочува со ситуација во која нема соговорник“.

– Сите наши иницијативи се отфрлаат, не се прифаќаат, а ние сакаме решение, сакаме да седнеме и да разговараме, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на македонскиот претседател и додаваат дека тој истакнал оти „неговата земја не добила одговор од грчка страна на поканите за средби на високо ниво“. Иванов подвлече и дека неговата земја очекува ЕУ да покаже поголем интерес за решавање на прашањето за името, исто како и за решавање на односите меѓу Србија и Косово, додава  „Катимерини“.

imetopretsedatel

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он26/03/2025 - 15:56

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

Анита Петровска Рајковиќ04/06/2024 - 11:11

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on13/05/2024 - 13:4113/05/2024 - 13:51

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on09/05/2024 - 14:4709/05/2024 - 14:48

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on09/05/2024 - 13:22

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on08/05/2024 - 22:1108/05/2024 - 22:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен