Единсон Кавани и официјално стана фудбалер на ПСЖ. Уругвајскиот репрезентативец во дресот на францускиот шампион доаѓа од екипата на Наполи, каде беше соиграч на нашиот Горан Пандев.
Француската екипа на име на обештетување плати 64 милиони евра.
По направените лекарски прегледи, Кавани го потпиша договорот кој е со важност на пет години. Тој воедно стана најскапиот фудбалер во францускиот фудбал и го направи и најскапиот трансфер ова лето досега.
Во својата кариера Кавани има настапувано во екипите Данубио, Палермо и Наполи. На 285 натпревари има постигнати 153 голови.