Реконструкција на улицата „Наум Охридски“ во населба Црниче

Од:

Започна реконструкцијата на улицата „Наум Охридски“ во населба Црниче. Ќе биде целосно асфалтирана, а ќе добие и нов тротоар и осветлување, информираат од Општина Кисела Вода.

Паралелно, на улицата се гради и нова атмосферска канализација, со што како што соопшти Општината граѓаните ќе добијат комплетно решение за проблемите предизвикани од уништениот асфалт и таложењето на атмосферските води по улицата.

-Носиме одржливо и целосно решение, градиме нова атмосферска канализација која конечно ќе го реши проблемот кој атмосферските води го создаваа за нашите сограѓани кои живеат под оваа улица. Улицата ја асфалтираме по целата нејзина должина, а истата ќе добие и нов тротоар и осветлување, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Планот на САД за Газа предвидува „Црвена зона“ каде што не е планирана реконструкција

Реконструкција на Владата по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ нема да добие плус министер

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски