ВИДЕО: Мицкоски вели има договор за реконструкцијата, имиња не потврдува до утре вечер

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, некаде до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена – рече Мицкоски на новинарско прашање што е договорено со ЗНАМ и „Вреди“.

Прашан кога ќе има информации за промени во другите ешалони, Мицкоски посочи дека со тие активности ќе се продолжи од септември.

– Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на Буџетот и доколку има потреба, одредени седници со коишто ќе се донивелираат одредени реформски закони коишто се потребни за Реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму, рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на градинка во Трубарево во општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски