По повод првата година од почетокот на војната во етиопската област Тиграј, премиерот и Нобелов лауреат за мир, Абиј Ахмед, денеска на сограѓаните им вети дека „ќе ги закопаме непријателите со нашата крв“.
Британските медиуми пренесуваат дека Ахмед ова го кажа само еден ден откако во земјата беше прогласена вонредна состојба, откако силите на Тиграј се заканија дека ќе маршираат кон главниот град.
-Јамата што беше ископана ќе биде многу длабока, непријателот во неа ќе биде закопан, а не онаму каде Етиопија се дезинтегрира, рече Ахмед од воениот штаб во Адис Абеба.
„Ќ е го закопаме овој непријател со нашата крв и коски и ќе ја направиме Етиопија повторно славна“, додаде добитникот на Нобеловата награда за мир во 2019 година.
Со едноминутно молчење и палење свеќи им беше оддадена почит за загинатите на 3 ноември 2020 година, кога силите лојални на Народноослободителниот фронт на Тигра (ТПЛФ) ги окупираа воените бази во Тиграј.