Екипата на Атланта Брејвс ја освои американската професионална лига во бејзбол (МЛБ), откако синоќа славеше во шестиот натпревар на гостински терен против Хјустон Астрос со 7-0.
Атланта последен пат беше шампион во 1995 година, а со 16 последователни настапи во плејофот без трофеј, „Брејвс“ беа екипа со најдолга серија неуспешни обиди да го освојат „Commissioner’s Trophy“.
Тоа што пропуштија да го направat во петтиот натпревар на домашен терен, играчите на Атланта го направија на „Minute Maid Park“ во Хјустон, каде домашниот Астрос важеше за фаворит не само во шестиот натпревар, туку и за повторување на нивната последна шампионска титула од 2017 година.