Руски политичар примил шест дози ковид вакцини

Од:

Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски објави дека досега примил вкупно шест дози вакцини против коронавирусот.

– Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против коронавирус. Првата доза „Спутник В“ ја примив на почетокот на септември 2020 година, изјави Жириновски, нагласувајќи дека досега примил шест дози против Ковид 19.

По неколку месеци од првите две дози, нивото на антитела му се намалило и лекарите му препорачале трета доза „Спутник лајт“.

– Тогаш мојот лекар ми препорача да го зголемам ефектот со спреј-вакцина за во нос, исто така и од „Спутник“, вели политичарот натаму.

Потоа, на крајот на летото 2021 година, тој примил и две дози од вакцината „Ковивак“.

Би можело да ве интересира

Во Русија првпат повеќе 100.000 заболени со ковид во еден ден

Путин се надева оти Русија ќе вакцинира доволно луѓе за да постигне колективен имунитет на Ковид-19 следната година

Од 30 октомври Санкт Петербург се затвора на седум денови

Во Русија над 1000 починати во еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Путин: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Руската авиокомпанија Аерофлот отпушта пилоти кои одбиваат да се вакцинираат