Најмалку девет лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во близина на аеродром во привремениот главен град на Јемен, Аден.
Се верува дека уште 12 лица се повредени во синоќешната експлозија – која премиерот Муен Абдулмалек Саид ја опиша како „терористички бомбашки напад“, јавува Би-Би-Си.
Очевидци велат дека жртвите се жени и деца. Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Локалните медиуми забележуваат дека нападот се совпаднал со пристигнувањето на поранешниот гувернер на Аден на аеродромот. Тој не е повреден. Актуелниот гувернер беше цел на напад со автомобил-бомба пред три недели во кој загинаа шест лица.