Регистрирани два случаја на маларија, апел за заштита пред, за време и по патувањата

Од:

Два случаја на маларија се регистрирани во текот на јуни во Македонија. Станува збор за македонски и за странски државјанин кои работеле во Гана и Сиера Леоне.

Граѓаните кои одат на патувања во ризични земји во африканскиот, азискиот регион, Индија итн. каде што има маларија, чума, жолта треска, колера, вурисни хеморагични трески, потребно е пред и за време на патувањата, но и по враќањето да си го заштитат своето здравје и во рок од една недела да се јават на здравствен надзор во центрите за јавно здравје.

Ова на прес-конференција го истакна раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, Јованка Костовска, која рече дека целта е навремено да се дијагностицира евентуална заразната болест.

Посочи дека двата случаја со маларија не се јавиле на превентивни прегледи во центрите за јавно здравје и не им е дадена вакцина, или таблетки хелиопрофилакса, не земале антималарици кои ако ги употребувале немало да добијат маларија.

– Имаме сознанија дека има се повеќе внесени случаи на маларија во државата. Од 2002 година досега имаме 16 случаи на маларија кои влегле во државата. Во 2012 година сме имале пет случаи на маларија внесена од надвор во државата. За маларија овој надзор треба да го направат во рок од седум дена од враќањето, за чума во рок од пет дена, за колера во рок од шест дена, а за вирусни хеморагични трески во рок од 14 дена, нагласи Костовска и додаде дека ако лекарите се посомневаат за некое од овие заразни заболувања, лицето кое патувало во тие земји се упатува на Клиниката за инфективни болести.

Посочи дека со цел заштита на здравјето, лицата во центрите за јавно здравје ќе добијат и совети за тоа како треба да се однесуваат и како да ги почитуваат превентивните мерки во тие држави во однос на консумација на храна, вода и други мерки.

Апелира и до фирмите кои вработуваат луѓе од Македонија во ризични земји да ги известат дека мора да се јават во центрите за јавно здравје за да си го заштитат здравјето.

Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје-Скопје рече дека маларијата се јавува во над сто земји во тропските и субтропските области на Централна и Јужна Америка, Карипските острови, Африка, Азија, вклучувајќи го и Блискиот Исток и Југозападниот пацифик, кои годишно ја посетуваат околу 125 милиони туристи.

– Според податоците на Светската здравствена организација годишно околу 30.000 патници кои заболуваат од маларија доаѓаат од земји каде не е ендемска. Во Центарот за јавно здравје Скопје дошле 1.916 меѓународни патници од кои хемиопрофилакса земале 858 лица, односно таа се иницира според местото каде тие патувале, посочи Лазаревска.

Од тие 1.916 лица, како што додаде, службено патувале 1.323 лица, што е повеќе од 80 отсто.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски