Германскиот интернационалец и нов играч на Фиорентина Марио Гомез на претставувањето во Фиренца беше пречекан од 15 илјади навивачи на „виолетовите“.
Гомез потпиша четиригодишен договор со Фиорентина, а за неговото ангажирање од Баерн Минхен, калчолигашот плати 20 милиони евра.
Причина за неговото заминување од Минхен беше желбата да игра во почетниот состав.
Германецот во Фиренца е пречекан како супер ѕвезда, а навивачите уште при неговото доаѓање на аеродромот му порачаа дека од него имаат големи очекувања во обидот Фиорентина конечно да се вмеша во борбата за Скудетото.