Димитриевски: Индустриските капацитети се важни за развојот на стопанството и економијата

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска беше во посета на производствен погон Шмеки во Куманово, каде разговараше со вработените и оствари средба со менаџментот на оваа компанија.

„Индустриските капацитети се важни за развојот на стопанството, за развој на економијата и подобрувањето на квалитетот на живот на кумановци. Во следниот мандат, граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ има за цел изградба на нови индустриски зони и обезбедување на поволни услови за инвестиција на поголеми индустриски капацитети, со што ќе се создаде можност за отворање на нови работни места за млади и стручни кадри, јакнејќи го домашното стопанство“, рече Димитриевски.

„Во сегментот на локален економски развој предвидено е организирање на бизнис форуми со национални и меѓународни компании, со цел промоција, размена на искуства и поттикнување за инвестирање.

Во наредните четири години, ќе вложуваме во изградба на инфраструктура во индустриска зона Новини и Речица преку воспоставување на систем ОД ЗОНА ЗА ЗОНА, односно финансиските средства, кои што ќе се соберат од продажба на земјиште и уплатени комуналии, ќе се пренасочат во изградба на инфраструктура во зоната“, најави тој.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија