Комисијата за жалби на УЕФА ги отфрли жалбите на турските екипи Фенербахче и Бешикташ, кои добија забрана на настап во европските купови за тековна сезона.
УЕФА ги суспендираше Фенербахче и Бешикташ заради наместените натпревари во домашното првенство во текот на 2011 година.
Во јуни Фенербахче беше суспендиран на две години од евро-натпревари со една сезона условно, која беше понишетена. Тогаш УЕФА го казни и Бешикташ на една сезона од истите причини.
Фенербахче го освои второто место и требаше да игра во квалификациите од Лигата на шампионите, додека Бешикташ беше трет и требаше да игра квалификации од Лига Европа.
Четвртопласираната екипа Бурса, в петок ќе биде во извлекувањето за 3.коло од квалификациите од ЛШ како претставник од Турција.
Претседателот на Фенербахче, Али Јилдирим негираше дека неговиот клуб учествувал во наместени резултати и најави дека правдата ќе ја бара низ домашните судови.
Суспензијата на УЕФА, турските екипи можат да ја оспорат пред Судот за спортска арбитража, кој има можност да ја поништи донесената одлука.