ВМРО-ДПМНЕ: Внесувањето на луѓе од потесното семејство на Арсовска во изборната кампања ја покажува бедата на Шилегов и нивото на кампања кое тој го води

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека внесувањето на луѓе од потесното семејство на Арсовска во изборната кампања ја покажува бедата на Шилегов и нивото на кампања кое тој го води.

„Тоа е последица на фактот што Шилегов нема одговор на прашањата како стигна до имот од неколку милиони евра.

1. Луксузна хациенда од 300 м2 во Маврово;

2. Зграда со два ката дивоградба во Карпош;

3. Стан во Скопје од 68м2;

4. Стан во Скопје од 64м2;

5. Стан во Скопје од 72м2;

6. Стан во Скопје од 87м2;

7. Накит од благородни метали во вредност од 8.000.000 денари;

8. Уметнички и колекционерски предмети во вредност од 3.000.000 денари;

9. Удели во две фирми;

10. Парични средства во висина од 8.538.000 денари;

11. Две луксузни возила Ауди кои не ги пријавил во анкетниот лист.

Двата непријавиени луксузни автомобили, хациендата во Маврово и доградбата дивоградба на зградата во Карпош Шилегов ги направил од позиција на градоначалник и треба да одговори од каде ги стекнал тие пари!

ДКСК да постапи во однос на случајот со Шилегов и да отвори постапка“, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито