Алегри по ремито со Интер: Јувентус можеше подобро

Од:

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е целосно задоволен од натпреварот од 9. коло од италијанското првенство против Интер.

Јувентус синоќа одигра 1:1 на гостувањето во Милано, спасувајќи се од пораз со гол од пенал постигнат во самиот финиш.

– Првото полувреме беше добро, второто уште подобро. Имавме неколку шанси, па можевме и подобро. Да не заборавиме дека Интер е силен технички и физички, затоа ни требаше големо залагање. На почетокот бевме премногу возбудени од притисокот, но ова е исто така уште една фаза во процесот на раст. Загубивме осум од девет бода во првите три кола, па моравме да почнеме одново од основите – организација и цврста одбрана, изјави Алегри за „ДАЗН“.

По овој натпревар Јувентус е шести на табелата во Серија А со 15 бода, Интер е на третата позиција со 18 бодови.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска