Во центарот на Белград пред Собранието на Србија вечерва се собраа граѓани кои се противат на воведувањето ковид пропусници за влез во угостителските објекти.
Поради високиот број новозаразени на дневно ниво, но и поради високиот број смрттни случаи во Србија од денеска во сила се ковид пропусниците. Тие важат од 22 часот за влез во угостителските објекти. Пропусниците се неопходни и за организаторите и за гостите на свадби, родендени и други прослави.
Во Србија денеска имаше 6.748 нови случаи и 60 починати.