Одвојувањето на С. Македонија и Албанија не зависи од нас, меѓутоа ќе се даде сила повеќе ако се држат заедно, смета Османи

Од:

Одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не зависи од нас, тоа e одлука на ЕУ. Процесот формално се заснова на индивидуални заслуги. Меѓутоа, отсекогаш била проценката дека се добива синергија, една сила повеќе доколку двете земји продолжуваат заедно, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, нагласи дека, никогаш не бил поборник на одвојувањето, бидејќи, како што рече, овие процеси се циклични и може да сменат во обратна насока.

– Се сеќавате 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Северна Македонија треба да ги продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви коишто лобираа Северна Македонија да се одвои. Отсекогаш сум предвидел дека овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конферениција со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Важно е, посочи тој, поради многу причини и ќе даде поттик на целокупната регионална интеграција, доколку Албанија и Северна Македонија се држат заедно и започнат преговорите заедно сега при крајот на годината, во текот на словенечкото претседателство, а потоа, како што рече, секој со својата среќа и брзина што ќе ја наметне.

– Но, мислам дека почетокот е важен затоа што Комисијата потврдува дека двете држави ги исполнуваат условите. И навистина би било лоша пораки кога поради прашања коишто не се поврзани со ЕУ, едната држава не продолжи. Мислам дека тоа ќе создаде значителен удар на кредибилитетот на европските интеграции во државата и во регионот, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска