Мургашанска: Димитриевски постојано зборува во прво лице еднина, а заборава дека Владата и Советот беа со него во донесувањето на значајни одлуки за Куманово

Од:

Пред да се закити некој со заслуга, најпрвин треба да даде образложение и да го покаже својот придонес на дело, порача Атина Мургашанска од СДСМ на денешната прес конференција во Куманово.

„Објектот Спортска сала, еден од одбележјата на градот, многу добро знаете дека е вратен во владение на Општина Куманово од страна на Владата предводена од СДСМ. Истиот овој објект започна со својата реконструкција. Изминативе денови започна кровната реконструкција за која дел од средставата се обезбедени преку проект на Североисточниот плански регион, а дел преку програмата на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Тоа што некој се обидува да си ги препише заслугите на Владата на своја сметка е чиста манипулација за кумановската јавност“, вели Мургашанска.

Таа вели дека Владата е таа што ги врати Спортската сала и Соколана во владение на општината и Владата обезбедува средства за реконструкции на истата.

„Градоначалникот Димитриевски постојано зборува во прво лице еднина, а заборава дека токму Владата и досегашнот Совет на Општина Куманово беа со него во донесувањето на значајни одлуки за Куманово.

Пред да се закити некој со заслуга, најпрвин треба да даде образложение и да го покаже својот придонес на дело.
Затоа, пред да излезете на 31- ви на гласање, погледнете ги фактите и делата кои зборуваат за заслугите“, вели Мургашанска.

Би можело да ве интересира

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски