Жрепката за групната фаза за Светското фудбалско првенство во Катар идната зима ќе се одржи на 1 април 2022 година, ден по конгресот на ФИФА закажан за 31 март во Доха.
Мерило во кој шешир ќе се најдат учесниците на Мундијалот пред жрепката ќе биде рангирањето на репрезентациите на ФИФА листата.
Во моментот на жрепката нема да бидат познати сите 32 земји учеснички, бидејќи последните две репрезентации пласманот на завршниот турнир во Катар ќе го обезбедат по интерконтиненталните плејоф натпревари.
Засега пласман на Мундијалот, кој ќе се одржи идната година од 21 ноември до 19 декември, обезбедија Данска, Германија и домаќинот Катар.