ОН формираа Фонд за помош за Авганистан

Од:

Обединети нации денеска објавија дека формирале специјален доверителен Фонд, што ќе користи донаторски средства за да обезбеди итно пари за Авганистанците.

Одлуката за формирање на фондот уследи по замрзнувањето на средствата на Авганистан по преземањето на власт од страна на талибанците.

Администраторот на Програмата за развој на ОН (УНДП), Аким Штајнер истакна дека Германија, која прва уплатила 50 милиони евра во фондот и била во контакт со други донатори.

– Разговорите во изминатите неколку недели се фокусирани на изнаоѓање начин за мобилизирање на овие ресурси со оглед на тековниот економски колапс и континуираната посветеност на меѓународната заедница да не ги напушти граѓаните на Авганистан, истакна Штајнер.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан