Од септември нов закон за медиуми

Од:

Со два посебни закона ќе бидат регулирани медиумите и аудиовизуелните и медиумски услуги, а овие предлог закони се усвоени од Владата и доставени до Собранието.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната прес конференција истакна дека сите забелешки од ОБСЕ и Советот на Европа се усогласени со двата закона.

Медиумите ќе треба да се регистрираат во Централниот Регистар, а не во новата Агенција за медиуми. Електронските портали и печатените медиуми нема да треба да се евидентираат во Агенцијата, додека истата доколку има потреба информациите ќе може да ги добие од Централниот Регистар.

Со ова двоење на два сектори, медиуми и аудиовизуелни услуги, под електронски публикации ќе бидат опфатени електронските верзии на весници, магазини и телевизии, додека блоговите, форумите, приватните веб страни и портали нема да бидат под оваа категорија.

По препорака на ОБСЕ членот за саморегулација се брише, а Ивановски истакна:

„Слободата на изразување и слободата на медумите може да биде ограничена само во согласност со Уставот на РМ. По препораката на ОБСЕ членот за правото на новинарот да го изнесе своето мислење и став и да одбие да изврчи налог, односно задача, е споен од претходните два члена што ги имавме во нацрт текстот, притоа да не се нарушат и правата на издавачите на медиум“.

Ивановски додаде дека ќе има најмалку 4 дополнителни недели за расправи и дискусии пред да се одржи второто читање на законот, бидејќи Собранието заради летните одмори нема да работи во август.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ