Русија воведува неработна недела по рекордниот број починати од Ковид-19

Од:

Русија воведува неработна недела поради зголемувањето на бројките на заразени и умрени во пандемијата на коронавирусот, пренесе „Раша Тудеј“.

Претседателот Владимир Путин нареди воведување платена неработна недела, откако денеска беше регистриран нов рекорден број смртни случаи.

Русите нема да одат на работа во првата недела од ноември, што воедно се совпаѓа со училишните празници.

Ова не е првпат Русија да воведува неработна платена недела во време кога бројките се лоши. Последен пат тоа беше сторено во мај.

-Москва денеска ги врати мерките, за првпат од летото, објави градоначалникот Сергеј Собјанин.

На невакцинираните и на оние над 60 години им е наредено да останат дома и да работат онлајн, а проширени се и мерките за вакцинација во услужните дејности.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија