Талибанците официјално ги пофалија бомбашите-самоубијци кои загинале за време на војната против поранешната влада и нејзините западни сојузници и на нивните семејства им понудија парична отштета и имоти, се наведува во соопштението на министерството за внатрешни работи на талибанските власти.
Министерот за внатрешни работи во талибанската влада Сираџудин Хакани на собир во Кабул ги величал борците кои загинале во самоубиствените напади и ги нарекол „херои на исламот и земјата“. На крајот на собирот, на семејствата им дал по 10.000 авгани, што е приближно 95 евра, и им ветил по парче земја.
Инаку, Хакани од САД е означен како „посебно опасен глобален терорист“, за чие апсење американската администрација нуди награда од 10 милиони долари.