Бразилецот Даглас Маикон од Манчестер Сити премина во редовите на калчолигашот Рома. Како што соопштуваат италијанските медиуми, Маикон со Рома договорил двегодишна соработка.
32-годишниот бразилски фудбалер веќе денеска треба да им се приклучи на новите соиграчи кои се наоѓаат на подготовки во алпското италијанско туристичко место Рисконе.
Маикон минатата сезона не беше стандарден во Манчестер Сити каде одигра само 11 натпревари.
Во Италија има настапувано за Интер кога тренер беше Мурињо и има освоено Лига шампиони, четири титули во Серија А и повеќе титули од куп-натпреварувања.