По еден од најтешките немири во последната деценија, полицијата на Бангладеш денеска соопшти дека се уапсени 450 лица по нападот врз хиндуисти.
Најмалку шест лица загинаа додека полицијата се обидувала да ја спречи разгневената толпа, објавија локалните медиуми.
Насилството почнало минатиот петок кога стотици муслимани протестираа во југоисточната област Ноахали, обвинувајќи ги хиндуистите за богохулење на Куранот.
Неколку хиндуистички верски објекти беа мета на вандализам, а извршен е и напад врз приватни куќи.
Властите поднесоа 71 кривична пријава за насилство за време на хиндуистичкиот фестивал Дурга Пуџа, потврди портпарол на полицијата во Бангладеш, додавајќи дека 450 осомничени лица се под истрага.