Шпанскиот фудбалски репрезентативец Тиаго Алкантара потпиша четиригодишен договор со европскиот и германски шампион Баерн Минхен. За трансферот Баерн на Барселона ќе и исплати оштета од 25 милиони евра.
Алакантара во Баерн доаѓа најмногу на инсистирање на тренерот и негов сонародник Пеп Гвардиола.
22-годишниот фудбалер досега има три настапи за сениорската репрезентација, 42 за младинските шпански селекции, а во Барселона има 68 одиграни натпревари и постигнато седум голови.